Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”
Ќе го викнам, ќе се сретнеме на “збогум кафе” секако, вели Мицковски и жали што Таравари и некои околу него решиле да заминат во прегратките на Ахмети и “криминалната ДУИ”.
Тој посочи дека владата и без Таравари и тие околу него била стабилна со стабилно мнозинство. Прашан за изјавата на Ахмети дека ќе има земјотрес Мицковски невешто одглуми дека не знае што е тоа.
-Каков земјотрес, не знам јас – изреагира премиерот кому новинарите му помогнаа да сфати за каков земјотрес зборувал Ахмети.
-Господинот Ахмети требе да знае дека секому правел криминал органите ќе му тропнат на врата и ќе се соочат со судот да докажат правеле или не криминал. Ако и Ахмети правел криминал и него ќе му тропнат на врата – порача Мицковски додавајќи дека владата ветила борба со криминалците и корупцијата.