Додик: Пресудата против мене треба да се поништи
Претседателот на Република Српска – Милорад Додик изјави за РИА Новости дека пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против него треба да биде поништена.
„Тоа не е правосилна пресуда. Ако има право и правда, треба да се поништи. Меѓутоа, таму каде што западњаците го водат судот, нема доверба“, рече Додик.
Тој додаде дека не е сам, дека и Марин Ле Пен се нашла во слична ситуација од политички причини, а слични случаи се водат и во Романија и Германија.
„Вака се заштитуваат земјите од ЕУ – на прво место со злоупотреба на правосудниот систем – наместо да развиваат сопствени вредности и идни проекти“, рече Додик.
На 26 февруари, Судот на Босна и Херцеговина го осуди претседателот на Република Српска Милорад Додик во прв степен за „неспроведување на одлуките на Кристијан Шмит“ и го осуди на една година затвор и забрана за вршење на функцијата претседател на шест години од датумот на пресудата