Левица ќе поднесе предлог-закон за формирње инспекторат за употреба на државните симболи
Опозициската Левица најави дека неделава нејзината пратеничка група во Собранието ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на државните симболи – грбот, знамето, химната и знамињата на заедниците.
Со формирање на ваков инспекторат, како што посочи пратеникот Амар Мециновиќ од Левица, ќе се овозможи механизам за спроведување на веќе постојното законско решение за употреба на државните симболи.
Со предлог-законот, како што рече, би се пополнил правниот вакуум, односно би се формирал инспекторат во рамки на Министерството за правда со јасно дефинирани надлежности, процедура за инспекциски надзор и прекршочни мерки. Ова тело, како што додаде Мециновиќ, би имало капацитет да врши надзор над физички, правни лица и институции, а граѓаните би можеле да поднесуваат иницијативи до него.
„Секојдневно гледаме неправилна употреба, навредлива експонираност или отсуство таму каде што законот пропишува дека треба да стои. Во суштина толку често не се почитува Законот за употреба на државните симболи што веќе е и изрелативизиран без орган кој треба да го спроведува. Сето тоа директно го нарушува достоинството на државата и нејзините граѓани“ посочи пратеникот на Левица.
Мециновиќ изрази очекување за предлог-законот ќе добијат поддршка од сите пратенички групи во Собранието