Битолчанка измамила лице од Тетово да и даде лична карта и трансакциска сметка, а потоа му подигнала брз кредит
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ч.(48) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.
Потоа, со уште едно лице, злоупотребувајќи ги личните податоци на оштетениот, подигнале брз кредит од финансиско друштво. Откако на домашна адреса добил писмо од финансиското друштво дека има неплатен долг, оштетениот сфатил дека е измамен.