Променливо облачно со локален дожд
Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за невреме
Променливо облачно со локален дожд – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 23 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 9 до максимални 23 степени.
За утре УХМР најавува преодно стабилизирање на времето, а во четврток и петок се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд