ДУИ: И оние малку што останаа во ВЛЕН не смеат да молчат пред систематското отстранување на албанците од клучните државни позиции
Соопштение на ДУИ:
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за последните случувања во МВР и АРМ, каде што на континуиран и систематски начин се врши деградација и исклучување на припадници на албанскиот народ од раководни позиции.
Последниот случај на разрешување на заменик-шефови Албанци и именувањето на блиски роднини на градоначалникот на општината во Полициската станица Бутел претставува не само институционален скандал, туку и опасен сигнал за враќање на ексклузивноста и дискриминацијата во најчувствителниот сектор – безбедноста.
Особено загрижува фактот што ова се случува токму во Бутел – една од најизразените мултиетнички општини во главниот град, каде што Албанците претставуваат значителен дел од населението.
Едноетничките и партиски назначувања во безбедносните структури, како и понижувачките деградации на професионални полициски кадри од албанска етничка припадност, го уриваат принципот на инклузивност – клучен столб на Охридскиот рамковен договор.
Токму присуството и фер застапеноста на Албанците во полицијата и армијата беа предуслов за стабилизирање на меѓуетничките односи по 2001 година.
Денес, сведочиме спротивен процес: демонтирање на механизмите на рамнотежа, што води кон обнова на недовербата и чувство на исклученост кај цела една заедница.
ДУИ апелира до Владата на Република Северна Македонија, до Министерството за внатрешни работи, како и до меѓународната заедница, особено до гарантите на Охридскиот договор, да реагираат веднаш и без двосмислености.
Секторот за безбедност не смее да биде инструмент на етничка доминација и политички реваншизам.
Ова не е само прашање на внатрешна кадровска политика – ова е прашање на стабилност, доверба и иднина на заедничката држава