Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани
На 16 март во Кочани се случи најстрашната трагедија, која досега се случила во историјата на Македонија, каде што во пожар, во дискотека загинаа 62 млади луѓе. За само два часа, ова мало гратче се претвори во мртов град. Починаа седуммина од музичарите на бендот ДНК, кои таа кобна вечер ги забавувале младите во Кочани, но починаа и малолетници, како и млади од 18 до 45 години, а повредени беа повеќе од 200 луѓе. Сѐ на сѐ, страшен хорор, кој зацрни бројни семејство.
Таа трагична ноќ, задолжени за обезбедувањето за време на свирката била токму агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Всушност, таа агенција цело време ја обезбедувала дискотеката, во која сигурно како и таа ноќ, и секоја друга биле пуштани малолетници да се журкаат. Но, трагедија се случува еднаш. Токму тој 16 март внатре на свирката на ДНК биле пропуштени повеќе од 30 малолетници, од кои шест од нив починаа, додека, пак, 25 беа повредени.
За тој дел од вината се припишува на обезбедувачите од Агенцијата, кои дозволиле малолетни лица да бидат таму по полноќ. Од нив дел се во притвор, за што потврдија и од Јавното обвинителство.
„Во истрагата од Агенцијата за обезбедување се осомничени вкупно шест лица, сопственикот и управителот. Потоа, овластеното лице на подружницата во Кочани и уште тројца вработени. Исто така, осомничено е и едно лице што не било вработено во Агенцијата, но било ангажирано за обезбедување и плус правното лице“, се наведува во одговорот од Обвинителството.
…
Фокус“ дојде до неофицијални информации дека лиценцата на Агенцијата и е одземена, за што побаравме потврда од Министерството за внатрешни работи.
„Ве известуваме дека веднаш по настанот од страна на ОВР Кочани е иницирана управна постапка за одземање на дозволата за работа на агенцијата за обезбедување „Рубикон“.
Врз основа на барањето од страна на Одделот за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност донесено е решение за одземање на дозволата за работа на наведената агенција“, информираат од МВР во изјава за „Фокус“.
…