Норвежаните бесни: „Гласавме за Марко Бошњак, а во пораката пишува дека гласавме за Израел!“
Норвешки онлајн медиуми објавија дека нивните читатели, кои гласале за Хрватска преку порака, добиле повратна порака дека гласале за Израел.
Марко Бошњак, хрватскиот претставник на Евровизија, настапи синоќа во првата полуфинална вечер, но за жал не се пласираше во финалето.
Кои 10 од 15-те изведувачи ќе продолжат беше одлучено исклучиво со гласовите на публиката.
Норвешките медиуми синоќа објавија дека многу Норвежани, кои сакале да гласаат за Марко испраќајќи порака со серискиот број на неговиот настап – 14, биле непријатно изненадени кога добиле повратна порака.
„Ви благодариме што гласавте за Израел! Можете да гласате само 20 пати, па ако ви се допадна изведбата, гласајте повторно! Уживајте во Евровизија 2025!“, се вели во пораката, објави сајтот vg/no.
„Гласав во вторник вечерта за број 14. на Евровизија, но наместо пораката дека гласав за Хрватска, пишуваше дека гласав за Израел“, рекол еден од читателите на тој портал, пренесоа хрватските медиуми.
Израел не настапи во првата полуфинална вечер, но ќе настапи в четврток во второто полуфинале, исто така под регуларниот број 14.
Според vg/no, за коментар била побарана и националната телевизија NRK, што соработува со Европската радиодифузна унија (EBU), како и самите организатори.