Апсење во Србија: Фалсификувале ПЦР-тестови и документи и ги наплаќале по цена од 800 евра за еден

Шест лица се уапсени по наредба на српското Обвинителство за организиран криминал под сомнение дека се приклучиле на криминална група заради фалсификување лични документи, но и десетици лажни ПЦР-тестови, соопштија од Обвинителството.

„По наредба на Обвинителството за организиран криминал, по неколкумесечна предистражна постапка спроведена во соработка со Одделението за сузбивање на организиран финансиски криминал СБПОК МУП на Република Србија, денес шест лица беа лишени од слобода: М. П, М. М., С. Г., Л. Б., С. И. и М. И, поради сторени кривични дела здружување поради вршење кривични дела од член 346 од Кривичниот законик и фалсификување исправи според член 355 од Кривичниот законик“, соопшти обвинителството.

Според нив, постојат основи за сомнение дека оваа организирана криминална група на територијата на Република Србија во периодот од јануари 2020 година до денес наоѓала лица заинтересирани за добивање лажни јавни документи, изработувала фалсификувани лични документи, како и десетици лажни резултати од ПЦР-тестовите на Ковид-19.

Осомничените за изработката на фалсификуваните документи наплаќале надоместок во износ од 100 до 800 евра за документ.

Во тек се претреси на повеќе локации, по што осомничените ќе бидат изведени на сослушување во Обвинителството за организиран криминал.

Макфакс

Back to top button
Close