Преживеаните од „Пулс“ се лекуваат во импровизирани услови во кочанската болница, персоналот пред колапс

t

Една докторка во кочанската болница лекува и третира 128 пациенти со тешки изгореници по главата и телото, во една операциона сала, во импровизирани услови, без специјална када, со кофи и влажни крпи и без конкретна финансиска помош од владата, но и без психолошка помош. Ваква е состојбата на повредените млади луѓе кои се вратија во Кочани по два месеца од пожарот во дискотеката „Пулс“, најголемата трагедија во современата историја на Македонија во која загинаа 62 млади луѓе, а чии семејства сѐ уште протестираат за правда и проширување на истрагата во која се осомничени 59 лица.

Иако Владата тврди дека целосно е обезбедена медицинска, финансиска помош и логистичка поддршка, преживеани, како Лазе (31), сведочат дека се лекуваат во импровизирани услови, се соочуваат со повеќе стравови за себе и своите сограѓани, а за логистичките и финансиски потреби најмногу се потпираат на волонтерите од „Сапорт Кочани“ и донации.

Лазе за „Слободен печат“ раскажува за процесот на лекување откако ја преживеал трагедијата во дискотеката во „Пулс“. Тој живее во Германија, а кобниот викенд дошол на 3 дена во Кочани.

Во пожарот се здобил со изгореници од втор и трет степен, а најкритични се тие на главата. Лазе сега е на домашно лекување откако 20-тина дена поминал на интензивна нега и пет дена во болничка соба, по што бил пренесен на преглед во Скопје, а потоа пуштен на амбулантско лекување во Кочани. Неговите рани сѐ уште се отворени. Фотографии од тоа како изгледа неговата глава кога бил вратен на лекување од болницата „Пирогов“ во Софија, беа споделени вчера на инстаграм-профилот на волонтерите од самосоздадениот кризен штаб за засегнатите од трагедијата, „Сапорт Кочани“.

– Имам изгореници од втор и трет степен на главата и рацете. На рацете ми пресадија кожа, а за главата не се одлучив за истиот зафат. Решив така поради конзилијарното мислење на лекарите, кои констатираа дека иако процесот на заздравување ќе биде многу побавен, состојбата на мојата глава ќе се подобри постепено, со соодветна терапија, како би избегнал и белези кои настануваат со трансплантацијата на кожата – раскажува Лазе за слободен печат мк.

Целиот текст на слободен печат

Promoted Content

Back to top button
Close