Муртезани: Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака да добие, но тој се одлучи за прегратките на ДУИ


Министерот за европски прашања Орхан Муртезани вечерва истакна дека лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари имал бел лист на масата за да напише колку општини сакал да добие.

Сепак, како што вели, тој одлучил да оди сам на избори и повеќе сакал да оди во прегратките на ДУИ.

„Допрва ќе видиме како неговото приклучување кон Европскиот фронт ќе влијае врз рејтингот“, вели Муртезани во „Само интервју“.

Како што истакна Муртезани во „Само интервју“, целта на локалните избори е владејачката коалиција да добие најмалку 50 отсто од општините за да ги порази Ахемти и Таравари.

Коментирајќи го објаснувањето на Таравари дека една од причините зошто излегол од коалицијата е застојот во евроинтеграцискиот процес, Муртезани рече дека ништо посмешно не слушнал во својата десетгодишна политичка кариера.

„На сите владини седници, особено на тие посебните не се сеќавам дека Tаравари присуствувал. Јасно е како бел ден дека тој не се тргна од Владата поради евроинтегративниот процес, а наместо да даде придонес за што имаше можност, тој одлучи да оди во прегратките на Али Ахмети“, нагласи министерот.

Back to top button
Close