Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

Во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија денеска со почеток во 10 часот стартува премиерното издание на маратонот во планински велосипедизам „Krushevo MTB Challenge“

Како што соопштуваат организаторите, во рамките на овој настан, за прв пат во историјата на велосипедскиот спорт ќе се реализира и Државното првенство во планински велосипедизам Маратон како дел од официјалниот календар на ВФМ и според пропозициите и критериумите на Светската велосипедска федерација УЦИ.

Натпреварувачите ќе имаат можност да одберат помеѓу мал маратон од 25км и голем маратон од 75км со вкупно искачување од 650 односно 2 000 метри.

Признанија и награди ќе бидат доделени за сите возрасни категории и тоа: 18-29, 30-39, 40-49,50-59,60+.

Back to top button
Close