ВМРО-ДПМНЕ: Судската одлука за Модуларната болница во Тетово срамна и спротивна на правото

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ

Уште една срамна и спротивно на правото судска одлука за Модуларната во Тетово, надлежните да поведат постапка за разрешување на сите инволвирани

Македонскиот судски систем повторно во функција на СДС и ДУИ.

По којзнае кој пат, македонските судии, наместо во служба на правото и правда, се ставаат во служба и во корист на избрани лица во политиката.

Судската пресуда за Модуларната болница во Тетово, не е во служба за задоволување на правдата, таа единствено е во служба и во согласност со волјата на Венко Филипче и Али Ахмети.

Ниска и срамна е пресудата од по една година и шест месеци казна затвор за тогашните директори на тетовската болница, за случај во кој на 8 септември 2021 година, живи изгореа 14 луѓе. А, Клиничка болница Тетово, која беше прогласена за виновна како правно лице, треба да плати околу 16-тина илјади евра.

Оваа пресуда само покажува дека во правосудниот систем има луѓе кои се под директно влијание на СДС и ДУИ, поединци кои не судат по закон и правни норми, туку исклучиво по волјата на СДС и ДУИ.

Оваа, надвор од сите правни норми пресуди, не обврзува да ги повикаме надлежните да почнат постапка за разрешување на оние кои се инволвирани во носењето на оваа срамна пресуда за трагедијата во Модуларната болница во Тетово.

Исто така, ја повикуваме и Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на судијата кој ја донесе оваа срамна пресуда.

Ахмети и Филипче, кој се сонча по песочните плажи во Дубаи, да одат кај семејствата на жртвите, да ги погледнат во очи и да им кажат зошто е донесена вака срамна одлука.

Исто така, Филипче нека им каже дека тоа се случило, бидејќи тој го презел тендерот за изградба на модуларните болници од локалната самоуправа, свесно и по налог на Зоран Заев, Анѓушев и Али Ахмети.

Ова е пресуда од која се незадоволно сите и која буди голем револт и го крева народот на нозе.

ВМРО-ДПМНЕ, категорично е против сите кои се мешаат и го контролираат правосудниот систем и ќе поддржи секаков израз на револт и незадоволство од пресудата, која очигледно е донесена по желбите на Филипче и Ахмети.

Право, правна држава и одговорност мора да има.

 

 

Back to top button
Close