Јубилеен 10-ти пат урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Урбаните моторџии денеска по 10-ти пат ќе продефилираат низ скопските улици во знак на борбата против ракот на простатата и подигањето на свеста за машкото здравје.

Облечени во стандардниот дрес код – палто, вратоврска, елегантни чевли и задолжително кацига, тие, како и секоја година, така и оваа ќе бидат дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride кое се одржува во 108 држави со вкупно 1036 учесници.

Скопје првпат се најде на мапата на ова глобално движење во 2016 година, а оваа урбана приказна со хуманитарна димензија опстои благодарение на двајцата иницијатори Игор Стефановски и Благоја Петровски.

Стефановски, правејќи ретроспектива на изминатите десет години, оцени  дека поттикот и одговорноста да се продолжи во оваа насока, се уште поголеми имајќи предвид дека од година во година се повеќе се зголемува интересот за учество.

 

Back to top button
Close