Собранието ја прифати оставката на Таравари
Собранието денеска ја констатираше оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, како и на заменик-министерот за земјоделство, Флакрон Беџети и заменичката за одбрана Елфете Исмаили, сите од редовите на Алијанса за Албанците.
Оваа одлука следува откако Таравари одлучи Алијанса за Албанците на локалните избори да настапи со свои листи за советници, наместо со Коалицијата Вреди. Од Коалицијата го обвинија за соработка со ДУИ.
Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска на седницата соопшти дека тројцата министри не се појавиле да ги образложат оставките, со што Законодавниот дом констатира дека им престануваат мандатите.