Ако има дивоградби нека постапува, од филозофирање нема фајде ? Мицковски за вчерашниот лов на дивоградби на Арсовска во Чаир
За потезите на градоначалничката во заминување, Данела Арсовска, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ако е точно дека има дивоградби, таа треба да постапува. Според него, од филозофирање – нема фајде.
Па таа има ингеренции, ако навистина мисли дека е така тогаш треба да постапува. Бидејќи од филозофирање и гола реторика, народот нема фајде“, рече Мицкоски.
Ова доаѓа откако вчера од изутрина Арсовска одеше низ Чаир за да лоцира дивоградби, па снимаше во живо, за да го нарече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу – принцезата на дивоградбите.
Арсовска вчера од дивиот објект во градба во Чаир ги повика полицијата и институциите да го спречат ова узурпирање на државно земјиште и градње без дозволи со амин од градонашалникот Висар Ганиу кадар на Вреди. Таа излезе со податок дека досега одбила да му легализира дури 150 дивоградби да ги легализира.