Нетфликс ја објави листата на најгледани серии на сите времиња

Нетфликс ги објави најновите податоци за најгледаните серии на платформата. Иако понудата постојано се зголемува, само неколку наслови успеваат да срушат одамна поставени рекорди.

Веќе неколку години, првата сезона од серијата Wednesday е на врвот, а единствената серија од 2025 година која се проби меѓу трите најгледани е британската мини-серија Adolescence.

Adolescence
Оваа крими-драма го следи тринаесетгодишниот Џејми Милер, обвинет за убиство на својата училишна другарка. Со само четири епизоди, серијата стана глобален феномен благодарение на актуелната тема, техничката иновативност и брилијантната актерска игра. Секоја епизода е снимена во еден непрекинат кадар, што дополнително ја засилува напнатоста.
Извршен продуцент е Бред Пит, а неговата компанија Plan B Entertainment активно учествувала во развојот. Серијата отвора важни прашања за сајбер насилството, токсичната машкост и влијанието на социјалните мрежи врз младите, и поради тоа има силен одек кај публиката – особено меѓу родителите и тинејџерите.

Wednesday – сезона 1
Стигна на Нетфликс во 2022 година и ги следи авантурите на Венздеј Адамс (Јена Ортега) во интернатот „Невермор“. Дел од актерската екипа се и Кристина Ричи, Гвендолин Кристи и Ема Мајерс, а четири од осум епизоди ги режираше Тим Бартон. Серијата освои четири Еми награди и стана втора најгледана англиска серија на Нетфликс.

Stranger Things – сезона 4
Четвртата сезона ја врати публиката во Хокинс во 1986 година, каде мистериозни убиства и нови закани од „Обрнатиот свет“ ја зголемија тензијата. Новиот негативец Векна и заплетот околу Еди Мансон беа клучни елементи за успехот на оваа сезона.

Dahmer
Серијата Dahmer – Чудовиште: Приказната за Џефри Дамер раскажува за животот и злосторствата на еден од најпознатите сериски убијци. Евн Питерс во главната улога и мрачната атмосфера предизвикаа бројни реакции, но и критики за начинот на кој се прикажани жртвите.

Bridgerton – сезона 1
Сè уште една од најгледаните серии на сите времиња. Снимена по романите на Џулија Квин, првата сезона ја следи Дафни Бриџертон и нејзината фиктивна врска со војводата Сајмон Басет, која прераснува во вистинска љубов.

Овие серии, секоја на свој уникатен начин, покажуваат колку различни жанрови и теми можат да го освојат вниманието на публиката ширум светот.

Back to top button
Close