Порно актер од Шпанија претставен како Стојанче од Стајковци – успешен студент по медицина
Порно актер од Шпанија претставен како Стојанче од Стајковци – успешен студент по медицина”.
Од Вистиномер на Гугл побарале некаква информација за наводниот европски натпревар за студенти по медицина и фармација, но такво нешто не успеале да најдат. Но, успеале да го најдат дечкото од фотографијата за кој се тврди дека е Стојанче од Стајковци. Проверката покажала дека личноста во белиот мантил всушност е порноактер од Шпанија
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Стојанче Михајловски од Стајковци, Скопје, го освои првото место по медицина на Европското натпреварување за студенти по медицина и фармација. Ниту еден медиум во Македонија не ја објави оваа вест затоа што татко му е трговец и сопственик на пекара. А самиот Стојанче учествувал и во велосипедска тура до Стразбур.
Срами се, Македонијо!
Во прилог на објавата има и фотографија од млад човeк облечен во бел мантил.
Објавата е многу вирална и има повеќе од 7.000 реакции, над 1.000 коментари и 220 споделувања (во моментот на нашата рецензија). Во коментарите сите му честитаат на младиот Стојанче од Стајковци.
На Гугл побаравме некаква информација за наводниот европски натпревар за студенти по медицина и фармација, но такво нешто не успеавме да најдеме.
Но, успеавме да го најдеме дечкото од фотографијата за кој се тврди дека е Стојанче од Стајковци.
Нашата проверка покажа дека личноста во белиот мантил всушност е порноактер од Шпанија.
Фотографијата, доколку ја пребарате на Гугл ќе видите дека се појавува на Фејсбук во март 2020 година.
Тука тој е претставен како венецуелски доктор кој пронашол вакцина против ковид-19.
Фотографијата ја има на Фејсбук и на 28 април 2020 година и на 8 април, а ликот таму е д-р Аквилс Баеза Вергарач.
Тој е д-р Аквилс Баеза Вергара, штотуку почина по 6 дена без одмор во болницата Ла Раза во ЦДМХ. Тој успеа да излечи многу луѓе од коронавирус по цена на својот живот, по потекло од Тлаксала. Никој нема да сподели затоа што тој не е фудбалер, политичар или рок ѕвезда.
Сајтот за проверка на факти Колумбијачек ја има дебанкирано оваа вест во јуни 2020 година.
Уште еднаш, фотографија на познатиот шпански порно актер Анхел Муњоз, познат како „Жорди Ел Нињо Пола“, човекот со илјада лица и илјада професии (на социјалните мрежи го претставуваат како лекар, инженер, заменик , судија, стипендист, внук на Андрес Фелипе Аријас), се користи во колумбиските социјални мрежи за генерирање дезинформации, пишува Колумбиачек.
И сајтот Малдита.ес дебанкира вест поврзана со ликот на порноактерот во март 2020 година и пишува дека тој уште бил претставен како човекот кој ја измислил вакцината против Н1Х1 грипот.
Ликот од фотографијата се појави и во 2021 година како Михаил од кичевско кој нашол ефикасен лек против коронавирусот. Вистиномер ја дебанкираше оваа вест.
Од сето ова можеме да заклучиме дека Стојанче од Стајковци не постои, а уште помалку дека победил на некаков европски натпревар за студенти по медицина и фармација. Ваквите измами на социјалните мрежи се многу честа појава, а луѓето ги споделуваат овие лажни вести без претходно да проверат за што станува збор.
Вистиномер и претходно има пишувано за објави во кои се споделуваат фотки од порноактери кои лажно се претставени како нашинци со цел да се користат за манипулации со емоции.
Поради сето погоре, објавата ја оценуваме како невистина