А2 на повидок. Велија најавува ново светло на екраните

А2 телевизија започнува ново поглавје – посветено на иновативност, свежина и уште поголема поврзаност со публиката. Со нов освежен визуелен идентитет, и голем фокус на домашната продукција, А2 ја осветлува медиумската сцена интернет просторот во Македонија со нова енергија.

-Под мотото „А2 – заедно во ново светло“, не само што донесуваме модерна естетика и динамична содржина, туку ја градиме и новата платформа за дијалог, култура и вистинска информативна вредност. Вашите приказни, вашите ставови, вашата реалност – сега добиваат појасен одраз преку екранот на А2.

Во новото светло заедно со нас е и визионерот Велија Рамковски – пионер на независното новинарство и човекот кој стои зад најгледаните и најуспешни емисии и медиумски проекти во земјава.

Новата ера на А2 е тука. И не сме сами – заедно сме во ново светло! – информира најавата.

Back to top button
Close