Таравари остана со уште еден пратеник помалку, Мимоза Муса останува во ВЛЕН: Промената започна и ќе ја продолжиме


Мимоза Муса, пратеничка од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, предмалку објави статус на фејсбук, кој укажува дека нема да го следи лидерот во опозиција, туку дека ќе остане дел од владејачката коалиција ВЛЕН.

„Пред една година, на 8 мај, ја добивме довербата од над 107 илјади Албанци како пратеници на Алијансата за Албанците, во листата на коалицијата ВЛЕН. Овој мандат не е само бројка, тоа е гласот на народ уморен од над 20 години моќ на ДУИ кој очајно бара промена.

– Advertisements –
Поминуваме низ тежок политички период и пријателите и соработниците прашуваат со кого е пратеничката Мимоза Муса? Денес, во турбулентна политичка клима, сакам да бидам јасна со вас: Јас сум заменик на Алијансата за Албанците.

Нема да ја издадам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука за лични интереси, туку да служам достоинствено и одговорно на секој гласач кој верувал во оваа мисија. Промената започна и ќе ја продолжиме напред“, напиша Муса на Фејсбук, а нејзиниот статус го споделуваа високи функционери на ВЛЕН.

Откако се разиде со другите партнери во ВЛЕН, Таравари имаше 5 пратеници и најавуваше дека ќе формира пратеничка група. Меѓутоа, прво Салим Сулејмани поднесе оставка, а сега Муса најави дека останува во ВЛЕН, што значи дека моментално на Таравари лојални му се тројца пратеници.

Back to top button
Close