Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
Во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај поради меѓународниот спортски натпревар во ракомет меѓу „Алкалоид“ и АЕК од Грција.
– Утре со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар “Борис Трајковски” ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Р.Грција. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и апелира до граѓаните во наведениот временски период доколку немаат потреба да не ги паркираат возилата во близина на спортскиот центар