Сообраќајна несреќа затвори дел од автопатот Гостивар-Тетово
Поради сообраќајна несреќа попладнево е затворен дел од автопатот Гостивар-Тетово, на еден километар по наплатната рампа во правец кон Тетово, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму велат дека сообраќајот се пренасочува по околните патишта.
Засега нема информации за причините на сообраќајната незгода, како и дали има повредени.
Инаку, и покрај врнежите од дожд, сообраќајот на патиштата низ земјата се одвива непречено, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.