Претепано дете во Скопје, два дена добивало закани преку социјалните мрежи

„Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје, Т.Г.(43) од Скопје пријавил дека околу 09.45 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица, од кои едниот го познавал.

Според пријавеното, на 22.05. и на 23.05.2025 неговиот син на социјална мрежа добивал закани од ист профил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Back to top button
Close