Салиу слободен – Апелација смета дека семејниот статус и здравјето се посилни од сомнежот дека може да избега по трагедијата во Кочани

Штипска Апелација го пушти од притвор Шабан Салиу, осомничен во случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, потврдуваат оттаму за „Скопје1“. За разлика од претходните ослободувања кои дојдоа по предлог на Обвинителството, овојпат, тие се уште немаат добиено ниту решение.

За тоа време, Салиу, веќе може да се шета слободно, а како мерка на претпазливост му е одземен само пасошот и треба да се јавува во скопскиот Кривичен суд двапати неделно. Салиу има и забрана за да се доближува и контактира со сведоци, вешти лица и оштетени.

„Скопје1“ сподели дел до одлуката на штипска Апелација. Во нејзе стои дека Вишото јавно обвинителство-Штип побарало Салиу да остане во притвор во затворот во Куманово.

Адвокатот Шенај Османов, бранител на Салиу, барал ослободување на клиентот поради неговата здравствена состојба, но и здравствената состојба на неговата сопруга за која рекол дека има потреба од постојана нега. Според бранителот, сопругата била со нарушено здравје и поради притворот на осомничениот Салиу.

„Осомничениот Шабан Салиу досега е неосудувано лице, јавна личност, со функција актуелен минситер без ресор во Владата, со позната адреса и стабилна професионална и семејна положба“, рекол неговиот бранител барајќи да го пуштат од притвор, а потоа во одлуката стои: „Како бранител, смета дека обвинението што се заснова не се поткрепува со конкретните дејствија кои одговараат на ингеренциите што обвинетиот ги имал во период од 2012 до 2017 година, додека ја извршувал функцијата директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на своето неговото работење, осомничениот не потпишал, а ниту пак прифатил било каков елаборат поврзан со објектот – дискотеката во Кочани. Немал надлежност да извршува увид, контрола или пак било какви инспекциски постапки во објекти кои не се изградени согласно урбанистичко-техничката документација, поточно диви градби. Осомничениот Шабан Салиу не бил дел од процедурата за издавање дозволи, технички прием или процена на безбедност во објектот каде што настанал пожарот“, стои во одлуката.

Потоа, штипска Апелација смета дека одлуката со која Салиу добил притор не е основана.

Повеќе

Back to top button
Close