МВР ќе го казнеле кошаркарскиот клуб Маџари за употреба на прскалки во затворен простор

 

Минатиот викенд со пиротехника се прослави победата на кошаркарскиот клуб „Маџари“ кој издвои победа над клубот „Ангели“, иако Собранието донесе измени на Законот за прекршоци против јавниот ред, со кои, се забранува употреба на прскалки во затворени простории. Натпреварот се одиграл во затворена сала, а зад лед дисплејот, покрај конфетите, се гледаат и прскалките.

На прославата за победата проследена со забранетата пиротехника во затворен простор по трагедијата во „Пулс“ беше и градоначалникот на општината „Гази баба“ Бобан Стевковски од која општина е кошаркарскиот клуб Маџари кој беше победник.

Една недела по ова непошитување на законот молчи Кошаркарската федерација кој е организаторот молчи и градоначалникот на „Гази баба“ Бобан Стевковски.

Полицијата пак на прашање на Скопје1 одговорила дека „ќе имало прекршочна пријава“

„Констатирано е дека организаторот нема пријавено до МВР користење пиротехника, согласно закон за пиротехника. СВР Скопје го повика организаторот при што ќе му биде поднесен прекршок согласно новиот закон за користење на пиротехника“, велат од МВР за „Скопје1“.

Со измените не е дозволена употреба на пиротехнички средства во објекти и простории од затворен тип, а двојно се зголемени и прекршочните глоби за физичките и правните лица кои постапуваат спротивно на забраната. Доколку прекршокот се повтори, се предвидува затворска казна. Овие измени дојдоа по големата трагедија во Кочани, каде при употреба на прскалки, искра го зафати таванот и изби пожар, по што загинаа 62 лица.

Инаку, кошаркарскиот клуб „Маџари“ славеше победа за влез во првата лига со трофеј.

Back to top button
Close