На Сиљановска и е јасно дека преговарачката рамка е усвоена и дека е тешко да се менува ама предлага нов протокол без вето
Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, во интервју за Радио Слободна Европа предложи нови креативни дипломатски решенија за деблокирање на евроинтегративниот процес.
Таа повторно ја истакна својата идеја разговорите со Бугарија да се водат во Виена, под покровителство на европски партнери, а Европската унија да покаже активна улога во решавањето на отворените прашања.
Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е политиката на проширување да се спроведе, вели во интервјуто за Слободна Европа, претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според Давкова, министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, разговорите за решавањето на овој спор, би сакала да се случат во Виена.
Нам ни е јасно дека преговарачката рамка е усвоена и дека е тешко да се менува, но ЕУ треба креативно да вложи енергија за да ни овозможи напредување“, изјави Силјановска Давкова. Таа предложи Европскиот парламент да донесе акт за состојбите меѓу Скопје и Софија, додека Советот на ЕУ може да издаде политички инструкции или да се изготви нов акциски план во кој ќе се вклучи и историската комисија