Локомотива удри во пешак во Хиподром
МВР информира дека рано утринава вo 01.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железнички премин Хиподром, локомотива, сопственост на ЈП „Македонски железници“, удрила во пешакот С.Л.(55) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје