Арсовска најави фељтон со „докази за криминал“ – тврди дека институциите молчат, а градот постапувал веднаш
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на Фејсбук најави дека од понеделник ќе започне со објавување на фељтон во кој, како што вели, ќе бидат презентирани „сите од наша страна констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази“ – за кои, според неа, надлежните институции сè уште не преземаат ништо.
„Во три години спречивме над 150 обиди за незаконски легализации на дивоградби. Спречивме градење на асфалтни бази во населени места, поднесовме кривични пријави за загадувачи, а секојдневно сме мета на закани“, напиша Арсовска.
Таа додаде дека се расчистени, како што ги нарекува, „тендераши“ и фирми кои работеле во интерес на политички партии, со цел – како што наведува – да се стави крај на корупцијата во Градот.
„Ќе покажеме дека Градот постапувал веднаш, а некој друг си тера како и до сега. Нема повеќе простор за филозофирање и празна реторика“, порачува Арсовска, најавувајќи дека објавите ќе следуваат една по една, со конкретни податоци и документи