МЕПСО и косовскиот оператор со заеднички чекор кон енергетска безбедност: Интерконекцијата Тетово – Призрен добива конкретна динамика
Генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Латифи, заедно со својот тим во Приштина оствари средба со в.д. извршниот директор на косовскиот оператор КОСТТ, Шабан Незири, на која станало збор за проектот за изградба на нова интерконективна линија од 400 kV Тетово – Призрен.
– Во центарот на разговорот беше стратешкиот проект за изградба на нова интерконективна линија од 400 kV Тетово – Призрен, со кој ќе се создаде силна енергетска врска помеѓу Северна Македонија и Косово, наведуваат од МЕПСО.
Проектот е дел од регионалниот план за развој на мрежата, усогласен со европската платформа ENTSO-E.
Клучни придобивки од проектот се: зголемување на капацитетите за пренос на електрична енергија меѓу двете земји, подобрување на стабилноста и сигурноста на снабдувањето, поголема ефикасност во трговијата со енергија во регионот и поддршка за интеграција на обновливи извори и зелена транзиција.
-Двете страни се согласија да ја интензивираат техничката и институционалната соработка за реализација на проектот од заеднички и регионален интерес, стои во соопштението од МЕПСО