Многу фотоволтаици, а мрежата стара 40 години, потребни се 700 милијарди долари инвестиции низ Европа

Најмалку 1.500 проекти низ Европа за чиста енергија се запрени или одложени поради недостаток на мрежни приклучоци, а потребни се 700 милијарди долари инвестиции во мрежата за земјите да ги постигнат своите зелени цели.

Истите предизвици ги има и МЕПСО. Во својот план за развој 2025-2030 пишуваат дека интегрирањето на обновливите извори на енергија (ОИЕ) се предизвик за МЕПСО бидејќи ветерните и фотоволтаичните електрични централи имаат несакани влијанија на преносните системи, а главните предизвици за МЕПСО се:

ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА ЕЛЕКТРОПРЕНОСНИОТ СИСТЕМ ЗА ПЕРИОД 2025-2035

Оптимална преносна инфраструктура за приклучување

Променливиот профил на производство и зголемените резерви на моќност

Недостиг на инерција и намалување на стабилноста на системот при куси врски и големи испади

Инвестиции потребни се и во Македонија, бидејќи мрежата е стара 40 години. А последниот викенд кога речиси цела држава остана без струја беше само потврда за тоа.

Извештајот за точните причини сè уште не е пристигнат во регулаторна, но јасно е дека имало многу струја, а малку потрошувачи. Овие вишоци се појавиле поради фотоволтаиците кои по енергетската криза се зголемуваат рапидно.

„МЕПСО во наредно период ќе распише тендер за поставување на една поголема таква кондезаторска батерија во Неготино, така да и тој проблем ќе биде надминат во следниот период.“, рече Марко Бислимовски од РКЕ.

Проблемот први го почувствуваа Шпанија и Португалија кога милиони жители неколку часа останаа без електрична енергија. Надлежните појавата ја нарекоа феномен, бидејќи дошло до осцилации во далноводите со висок напон.

До крајот на месецов се очекува предлог законот за сајбер безбедност кој има цел да го зајакне целокупното општество, во услови на зголемени сајбер напади врз критичната инфраструктура, како системите за пренос и производство на струја.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, потсети дека МЕПСО лани беше мета на сериозен сајбер напад и подвлече дека заштитата на енергетската мрежа е прашање од национален интерес. Таа најави дека сè уште се размислува дали заштитата ќе ја спроведуваат државни институции или приватни компании, но дека приоритет ќе биде најдоброто решение за граѓаните

Back to top button
Close