Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата Лав Четиринаесетти, му подари резба со мотив „Гроздови“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска беше на аудиенција кај папата Лав Четиринаесетти во рамки на својата посета на Рим и Ватикан по повод Денот на сесловенските просветители.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата Лав Четиринаесетти

По аудиенција, претседателката на папата му ги претстави членовите на македонската државно-црковна делегација, по што во Апостолската библиотека беа разменети и пригодни подароци.

 

 

Сиљановска-Давкова и македонската државно-црковна делегација на аудиенција кај папата Лав Четиринаесетти

Претседателката на папата му подари длабока резба со мотив „Гроздови“. Резбата е во изработка на дабово дрво, со мотиви и овошје и животни. Мотивот со гроздови ја претставува лозата на животот и симболика за животна обнова и врска помеѓу религијата и луѓето преку виното (крвта на Исус).

Претседателката потоа одржа средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин. На средбата присуствуваше и секретарот за односи со држави и меѓународни организации на Светата столица, надбискуп Пол Ричард Галагер. Средбата заврши со меѓусебна размена на подароци.

По средбите во Ватикан, предвидена е изјава на Сиљановска-Давкова, по што таа веднаш заминува на средба со претседателот на Италија, Серџо Матарела

Back to top button
Close