(ВИДЕО) Две лица на мотоцикл фрлиле рачна граната во ноќен клуб во Истанбул

Две лица на мотоцикл без регистарски таблички околу 1:30 часот, по полноќ фрлиле рачна граната во ноќен клуб во населбата Хуријет во истанбулскиот округ Кагитан.

Во нападот се повредени најмалку седум лица, од кои три се во потешка состојба.

Полицијата трага по напаѓачите.

На местото на настанот се испратени тимови за специјални операции, деактивирање бомби и борба против тероризмот.

Полицијата ги прегледува снимките од безбедносните камери во областа за да ги идентификува напаѓачите.

Back to top button
Close