Платил да го вработат во странство – го ограбиле
Неготинец на возраст од 39 години вчера во Полициска станица – Неготино пријавил дека бил жртва на измама.

Според пријавеното, минатиот август на социјалните мрежи тој забележал оглас за работа во странство.
Започнал телефонски да комуницира со машко лице од Тетово, кое наводно нудело работа, и на банкарска сметка му уплатил 12.000 денари. По осум месеци, односно во април годинава, и мајката на неготинецот му платила на тетовецот уште 300 евра, за да го вработи син и во странство.
Откако му била дадена и последната сума на пари, тетовецот повеќе не бил достапен за контакт, по што неготинецот сфатил дека е измамен и решил да го пријави случајот во МВР






