Јакимовски ја поддржа Арсовска: Мицкоски преде како маче пред криминалот во Чаир!
Градоначалникот на Општина Карпош денеска јавно даде поддршка за активностите на скопската градоначалничка, Данела Арсовска, откако ги откри дивоградбите во Чаир и бара процесуирање на истите од страна на надлежните институции.
– Очигледно е дека Мицкоски и триото Николоски- Тошковски- Мискоски ги применуваат законите по нивни терк, само во Карпош, Крива Паланка, Струмица и во Центар. Пресметката со ДУИ е пресметка само со крилата на ДУИ што не се со него во власт и коалиција, а тие што се со него не ги чепка. Очигледно го влече за нос целиот македонски народ, а е како маче пред криминалите во Чаир, вели Јакимовски