Демократската партија на Турците избра нов лидер: Дали опозициската партија ќе го смени политичкиот курс?

Демократската партија на Турците во Македонија, најстара и најорганизирана партија што ја претставува турската етничка заедница во земјава, која моментално е дел од опозицискиот Европски фронт, избра нов партиски лидер, пренесе Фокус.

Станува збор за Зулфикар Зејнула, поранешен заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување и досегашен член на раководството на ДПТМ, кој на лидерската позиција во партијата го наследи пратеникот Бејџан Иљас.

Покрај него, во трката за партиски лидер беа и Ердал Ахмеди, генерален секретар на ДПТМ, и Мухитин Кахвеџи, поранешен премиерски советник и долгогодишен претседател на огранокот на партијата во Гостивар.

Уште во пресрет на конгресот, дел од медиумите објавија дека Зејнула влегува како фаворит, бидејќи успеал да изгради стабилна поддршка, особено меѓу делегатите од западниот, источниот и југоисточниот дел на државата, каде партијата има постојана поддршка.

Повеќе

Back to top button
Close