(ВИДЕО) Силни земјотреси ја погодија Турција, девојче почина по напад на паника, луѓе скокаа од балкони
Силни земјотреси со магнитуда од 6,2 и 5,8 степени ја погодија Турција доцна синоќа.
Првиот земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала се случи по должината на турската граница во Медитеранот.
Земјотресот се случи во 23:17 часот по локално време, на 18 километри од островот Родос, на длабочина од 68 километри, објави EMSC.
Неколку часа подоцна, во вторник наутро околу 2:17 часот, земјотрес со магнитуда од 5,8 степени го погоди турскиот крајбрежен град Мармарис. Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбијик, изјави дека некои луѓе се повредени скокајќи од прозорци и балкони во паника, но дека немало сериозни штети на зградите, пренесува Асошиејтед Прес.
Наскоро се јави и турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
„Сите наши тимови се на терен. Според првичните информации, нема уривање на станбени згради. Едно девојче (14) имало напад на паника за време на земјотресот. Таа била однесена во болница, но за жал починала. Во епицентарот на земјотресот, 69 лица скокнале од висина во паника, на сите им била укажана помош“, објави министерот на X.
Тресењето на земјата било почувствувано низ цела јужна Грција, западна Турција и крајбрежните области долж Егејското Море..
Според Турската агенција за цивилна заштита, земјитресот бил во 2:17 утрово.