ИДФ: Хамас користел тунел под Европската болница во Газа како команден центар на 7 октомври
Израелската војска (ИДФ) соопшти дека милитантната група Хамас користела тунел под Европската болница во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, како еден од главните командни центри за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Според „Тајмс оф Израел“, за време на напад врз тунелот на 13 мај бил убиен лидерот на Хамас, Мухамед Синвар, заедно со други високи команданти на групата.
ИДФ претходно објави дека војниците го пронашле телото на Синвар, но неговата смрт сè уште не е официјално потврдена. Мухамед Синвар е помалиот брат на поранешниот лидер на Хамас во Газа, Јахја Синвар, кој беше убиен од израелската војска во јужна Газа во октомври минатата година