Марк Руте во посета Велика Британија
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе отпатува во посета на Велика Британија.
Како што соопшти НАТО, предвидено е за време на престојот во Лондон, Руте да се сретне со британскиот премиер Кир Стармер.
Покрај ова, предвидено е Руте да има обраќање во лондонскиот тинк-тенк Кралски институт за меѓународни односи, позната како „Четам Хаус“, по што заедно со британскиот државен секретар за одбрана Џон Хили ќе го посети државната компанија за производство на челични конструкции и материјали „Шефилд Форџмастерс“.