Пукање во Подгорица, шест лица ранети, целиот град блокиран

Синоќа во центарот на Подгорица, Црна Гора пред ресторан се случила пукотница во која, според локалните портали, се ранети шест лица.

Полицијата веднаш излезе со соопштение.

„Во овој инцидент повредени се шест лица, од кои пет се здобиле со полесни телесни повреди во долните екстремитети, додека едно лице е повредено во пределот на грбот и неговиот живот не е во опасност. На лицата веднаш им е укажана медицинска помош во Клиничкиот центар на Црна Гора“, соопшти полициската управа.

Како што додаваат, преземени се итни мерки и дејствија за расветлување на сите околности на настанот, како и за пронаоѓање и приведување на осомничениот , по што тој брзо бил идентификуван како осомничениот Л.М. (23) од Подгорица, кој откако употребил огнено оружје, избегал во непознат правец.

„ Полициските службеници спроведоа истрага, поставија потесни и пошироки блокади на патот, собраа информации од десетици лица и запленија видео надзор од неколку објекти, а по преглед на неколку локации за краток временски период, осомничениот Л.М. беше пронајден и приведен на улицата Фрушкогорска во населбата Мало Брдо“, се додава во полициското соопштение.

Како што се сомнева, на овој настан му претходела тепачка во бар.

Извор: mk.tv21.tv

Back to top button
Close