Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ
Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ
Во соопштението се наведува и дека се подготвуваат пријави до надлежните институции за сите неправилности
Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во континуирана борба за одржување на производството.
„Нема ден да не се соочуваме со предизвици како резултат на
недомаќинското и нестручното управување со производствените
капацитети во изминатите години. Штетата нанесена на термоцентралите и
рудниците за јаглен бара натчовечки напори за стабилизација и за жал,
последиците од нивното неразумно владеење и деструкција ќе се
чувствуваат уште некое време. Процесите на консолидација се комплексни
и едноставно не можат да се реализираат за неколку месеци,“ стои во нивното соопштение.
Во соопштението се наведува и дека се подготвуваат пријави до надлежните институции за сите неправилности. Од таму апелираат СДСМ да престане со, како што велат, „дрски шпекулации и обвинувања за собирање политички поени“.