Арсовска: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ги демантира изјавите на Висар Ганиу изнесени во интервју дадено за Al Jazeeira.

-❤️Ова е објава за читање за сите интелигентни и слободоумни граѓани, другите не читајте!‼️

⏰ На Висар Вики Ганиу, да му го разбиеме интервјуто дадено за Al Jazeeira, со факти:

Вики: “Тој предмет е влезен овде као нешто што е поткровје на некој стан, и како избегало од комисииве тоа ќе го кажеме на суд” 🤡 Висар не глуми, за какво поткровје збориш секој со очи гледа комплет нова незаконска дивоградба зграда со 40 стана градена сега, а не во 2011 година.

‼️А ќе кажеш ти богами на суд многу!

Вики: “Бидејќи јас сум последниот што потпишувам, значи пред тоа имам филтри, има комисии има елаборат све тие што ги донеле тие документи” 🤡 не мора да објаснувам ТУКА Е ЈАСНО ГИ МЕСТИ ВРАБОТЕНИТЕ ЗА НЕГОВИТЕ КРИМИНАЛИ.

Вики: “Дури има и од град Скопје, значи предмет пресметка што е пресметано колку се комуналиите” 🤡 Сам си го признава фалсификатот со кој го фативме, што го направил на 20.03.2025 сред деновите на жалост во Кочани ⚫️ Ало Обвинителство за гонење организиран криминал ☎️

Вики: “Значи затоа ви велам дека тоа беше повеќе тој ден да се направи циркус, да има во јавноста теми” 🤡 Не е никаква тема циркузанту, треба да знаеш дека нема некој што може да ме одврати од тоа да одговараш за сите криминали од денот кога по живот на дете ми се закани!

Вики: “Еве секој ден се занимава со тоа, тоа не е вистина, бидејќи ние имаме тука, 13.000 апликации за легализација” 🤡 Висар е директ за во Гинисова книга на рекорди, сам си ги кажа ‼️13.000 ( тринаесет илјади легализации)‼️, обвинителството веќе му ги има доказите и 📕оригиналната архивска книга за стотиците фингирани и дополнително внесени дивоградби.

❤️И за сѐ ова јас имам докази, а ти само тераш со закани и политика.- напиша таа.

Back to top button
Close