Израелската армија соопшти дека нападнала цел на Хезболах во јужен Либан

 

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека нападнала локација на Хезболах во областа Накура во јужен Либан во текот на ноќта.

-Оваа локација ја користеле силите Радван (силите за специјални операции на Хезболах) за извршување терористички напади врз израелски цивили и претставува очигледно кршење на договорите меѓу Израел и Либан, се вели во соопштението на израелската војска.

Ова беше објавено еден ден откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац го предупреди либанското шиитско движење да „избегне мешање“ во војната со Иран.

Во друго соопштение објавено денеска ИДФ објави дека убила „терорист“ од Хезболах, а нападот се случил во петокот во близина на Барашит на југот на земјата.

-Терорист од Хезболах бил погоден и елиминиран од страна на израелските воздухопловни сили, се вели во соопштението.

Министерството за здравство потврди во Бејрут дека едно лице е убиено во нападот со беспилотно летало.

Back to top button
Close