Угина младо мече удрено од автомобил на автопатот Скопје–Тетово
Младо мече угина откако било удрено од автомобил на автопатот Скопје–Тетово. Според МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје во петокот вечерта, на 23 октомври. Во пријавата било наведено дека патничко возило „Волво“, со гостиварски регистарски ознаки, удрило во мечката. Со возилото управувал 36-годишен жител на Гостивар.

„Ветеринар од Зоолошката градина Скопје констатирал смрт кај животното. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, соопшти МВР.
Фотографии од угинатата мечка беа објавени на социјалните мрежи. Според објавените информации, по несреќата сообраќајот бил блокиран додека траела интервенцијата.
Случајот го отвора прашањето за заштитните огради покрај автопатиштата и можноста дивите животни да излезат на коловозот. На делницата треба да има заштитна мрежа, но засега нема потврдени информации дали на конкретното место таа недостасувала или била оштетена. Околностите под кои се случила несреќата ќе се истражуваат од надлежните институции






