Трамп не планира да ја продолжи 90-дневната пауза за воведување царини

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза за воведување царини за повеќето земји по 9 јули, кога истекува рокот за преговори што го одреди.

Тој нагласи дека неговата администрација ќе ги извести земјите дека трговските казни ќе стапат во сила доколку не биде постигнат договор.

Трамп за Фокс Њуз изјави дека известувањата за воведување царини на земјите со кои нема да се постигне договор ќе почнат да се испраќаат „прилично брзо“, како што се приближува наведениот рок за постигнување договори.

– Ќе погледнеме како земјата се однесува кон нас, дали нè третира добро, или не толку добро. Некои земји не нè интересираат, само ќе испратиме голем број писма, рече Трамп.

Back to top button
Close