(Видео) Четири лица загинаа во авионска несреќа на аеродром во Лондон
Четири лица загинаа во пад на авионот на холандската авиокомпанија „Цојш Авиејшн“ на аеродромот „Саутенд“ во Лондон, објавија агенциите.
„Цојш Авиејшн“, со седиште на холандскиот аеродром Лелистад, потврди дека нивниот лет СУЗ1 учествувал во несреќата.
Во неделата, авионот полетал од грчката престолнина Атина кон Пула, пред да го продолжи летот кон „Саутенд“. Според распоредот, требало да се врати на аеродромот „Лелистад“ во неделата доцна навечер.
На социјалните мрежи беа објавени снимки на кои се гледаат големи пламени јазици и облак од црн чад по експлозијата, додека снимките од воздух ги прикажуваат остатоците од авионот и голема изгорена површина од земјата.
🚨 BREAKING NEWS: A devastating plane crash occurred at London Southend Airport, UK.
A Beechcraft Super King Air light aircraft crashed and exploded into a massive fireball shortly after takeoff, Eyewitnesses described a horrific scene of black smoke and flames, prompting a… pic.twitter.com/9KrHzfgkeg
— Breaking News (@TheNewsTrending) July 13, 2025
„Цојш Авиејшн“ објави дека активно соработува со властите во врска со истрагата.
„Нашите мисли се со сите погодени од оваа несреќа“,
Аеродромот „Саутенд“ е затворен до понатамошно известување, а сите појдовни и дојдовни летови се откажани.
Нискобуџетната компанија „Изиџет“ соопшти дека нејзините авиони што требало да полетаат од и кон аеродромот „Саутенд“ се пренасочени кон други аеродроми или повеќе не се во функција.
Несреќата се случила непосредно пред 16 часот по локално време, а според првичните податоци, станува збор за авион долг 12 метри што се запалил кратко по обидот за полетување.
Покрената е истрага, а властите велат дека е сè уште рано да се зборува за причината за падот на авионот.