СДСМ со реакција по одлуката на Уставниот суд: Александар Николовски најави 50.000 нови „економски работници“ годишно. Мицкоски ја дуплираше бројката, рече над 100.000
Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз.

Александар Николовски најави 50.000 нови „економски работници“ годишно.
Мицкоски ја дуплираше бројката, рече над 100.000, па дури им кажа на граѓаните или многудетни семејства или мигранти, односно „економски работници“.
Два дена по најавата на Николовски и еден ден по најавата на Мицкоски гледаме одлука на Уставниот суд со која се отфрла иницијативата на СДСМ за неуставната Резолуција со која и се забранува на опозицијата да говори за мигранти, односно за „економски работници“.
После контролирано правосудство, телефонски обвинители, судии во судски совет под контрола на Мицкоски, насоки од Собраниска говорница и од телевизија како да работат.
Дали е потребно дополнително објаснување?






