На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

На 25 октомври 2026 ќе почне зимското сметање на времето со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 3 часот се смета како 2 часот.

Одлука за утврдување на сметањето на времето во 2026 година, според која летното сметање на времето почна на 29 март 2026, а зимското сметање почнува на 25 октомври 2026, ја донесе Владата и  е обајвена во Службен весник на 19 март годинава.

-Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Back to top button
Close