Жерновски: Средба со Гренел – иста лобистичка куќа за Мицкоски, Вучиќ, Орбан и истрага на Белата куќа
Денеска сакаме да зборуваме за една многу интересна тема, којашто е поврзана со оние случувања во Вашингтон, коишто се пак директно поврзани не само со нашата држава, туку преку оваа прес-конференција ќе се увериме и со регионот, бидејќи ова е една цела мрежа којашто Мицкоски и неговата влада ја користеле, односно ја злоупотребувале, не за целите на нашата држава и на нашите граѓани, туку за сопствени цели, рече Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на прес-конференција.
Стратешкиот мост до администрацијата на САД, да цитирам, или ако сакате, примерниот канал за директна комуникација со Белата куќа, или ако сакате уште еден цитат, клучниот економски играч во економската агенда на македонската влада во своите приоритети кон Вашингтон, од вчера е под истрага за проневерени милиони долари од донација за Центарот „Кенеди“ и за продавање пристап до претседателот Трамп.
Сега да ја потсетиме јавноста кој е Гренел и која е поврзаноста на Гренел со Мицкоски и Муцунски.
Прва средба, јули, значи веднаш по доаѓањето, јули 2024 година во Вашингтон, каде што се цитира плодна средба помеѓу Мицкоски и Муцунски со Гренел.
Август 2024 година, веднаш потоа во Скопје, продолжуваат разговорите.
Јануари 2025 година во Вашингтон, повторно Мицкоски и Муцунски се гледаат со Гренел.
Потоа, февруари 2026 година во Минхен и потоа јули 2026 година во Скопје, повторно има средба.
Погледнете ја низата средби коишто се индикативни и коишто веќе зборуваат за тоа каква е поврзаноста на Муцунски и на Мицкоски со овој човек.
Истиот Гренел, сакаме да ѝ објасниме на македонската јавност, со години работи за Вучиќ.
Српската влада преку американската лобистичка куќа Валкур плаќа за директни контакти со него.
Според извештаите што Валкур ги поднела до Американското Министерство за правда, претставници на куќата контактирале со Гренел во периодот од септември 2025 до март 2026 година.
Кој е Валкур?
Валкур е куќата којашто работи на промоција на кој друг, ако не на Вучиќ, во политичките и медиумските кругови во Вашингтон, вклучувајќи организирање интервју за средба што Трамп ја има споделено.
Се сеќавате кога се фалеше Вучиќ со Трамп. Гренел се обидувал исто така да му организира средба со Трамп во Флорида, меѓутоа средбата била блокирана и сето тоа е како дел од кругот околу Џаред Кушнер и проектите во Белград.
Во ФАРА-регистарот на Американското Министерство за правда, под број 7373, Валкур ја претставува Република Србија, а Валкур се поврзува и со фирмата која плаќа лобисти за Христијан Мицкоски.
Да ѝ објасниме сега на македонската јавност, многу попрецизно, како е формирана и како постои целата мрежа. Кои се клиентите на Валкур?
Покрај државата Србија, тука се и, внимавајте, Телеком Србија и унгарската компанија 4iG, и двете многу добро познати на македонската јавност. Телеком Србија е присутна на македонскиот медиумски простор преку канали поврзани со кругот на Вучиќ. Која е 4iG?
4iG, и е компанијата што треба да пружи услуга на поддршка на медиумите на Орбан и на Вучиќ во Македонија. Значи, целиот круг веќе се затвора многу прецизно.
Претседателот на 4iG, Гелерт Јасај, е близок соработник на Орбан. Во март 2025 година бил именуван за амбасадор за развој на милијардерски деловни односи.
Ние денеска прецизно ќе ја кажеме целата мрежа, за преку информациите коишто ги има СДСМ, во подолг временски период, на македонската јавност да ѝ биде јасно што се случува и во каква мрежа е влезен Мицкоски.
Јавно се достапни документите како 4iG добиле од Орбановата влада големи одбранбени договори, вклучувајќи рамковен договор во мај, во износ од околу 4,3 милијарди долари од Министерството за одбрана, потпишан само неколку недели пред изборите во 2026 година, непосредно пред изборите.
Е сега, новата унгарска влада на Петер Маѓар, во август 2026 година, како што и ние информиравме, наредила целосна ревизија на сите вклучени договори помеѓу државата и фирмата 4iG, во кои, се разбира, спаѓаат и одбранбените и телекомуникациските врски.
Значи, една лобистичка група. Српската влада го плаќа Валкур за контакти со Гренел и за промоција на Вучиќ.
Мицкоски се среќава со Гренел. Гренел се среќава со лобистите на Вучиќ.
Во кругот на клиентите на истата куќа стојат и, како што кажавме, Телеком и 4iG, компании поврзани со најблискиот круг на Орбан. Значи, внимавајте, сето тоа што го кажавме не се одвоени приказни.
Ова е една иста организирана шема, иста приказна. Ист канал.
Значи, Вучиќ го плаќа Валкур, Валкур контактира со Гренел, а Гренел зборува за Мицкоски. Значи, за некого провизија, а за граѓаните, се разбира, на крајот на денот, дебела сметка.
Да заклучиме јасно и прецизно.
Тоа значи дека Мицкоски во Вашингтон воопшто не водел самостојна политика, туку водел политика којашто е формирана, организирана и одобрена директно од Вучиќ и од Орбан.
И тоа е нешто што станува кристално јасно.
Она што исто така треба да се потенцира е дека периметарот за којшто зборуваше Мицкоски воопшто не бил наменет за интересите на Македонија и на нашите граѓани, туку, за наша среќа, на сите нас, од тој фамозен Вашингтонски периметар денес не остана ниту милиметар.
СДСМ бара одговор од Мицкоски: ти, како премиер на нашата држава, кога се среќаваше со Гренел, водеше сметка за државата и за нашите граѓани или водеше сметка за трговец со оружје?
Она што исто така СДСМ го бара е обвинителството веднаш да отвори истрага за тоа какви биле контактите и договорите на Мицкоски со овој човек.
Тоа е многу битно, затоа што и нашата држава мора да се вклучи во оваа акција којашто е покрената директно од Белата куќа, односно од тоа место за коешто Мицкоски зборуваше дека има одлични канали и дека е во самиот периметар.
Почитувани граѓани, дозволете да кажам на крај дека никој не смее да биде над законот, а дека Мицкоски ќе одговара.






