ВЛЕН: Заробена култура, „исчезнати“ фондови, наследството што ДУИ им го остави на Албанците

Соопштение на Влен:

Претставувањето на албанските уметници стана спорадично, финансирањето беше политизирано, а културните институции беа претворени во алатки на партиска пропаганда или извори на сериозна финансиска злоупотреба.

Граѓаните не забораваат. Еве ги фактите што зборуваат сами за себе: Филхармонијата со само 4% застапеност на Албанците. Операта и Балетот со само 1% застапеност. Агенцијата за филм  затворена за албанските уметници. Националните фестивали, театрите и институциите за културно наследство  беа заробени од клиентелистичка мрежа и затворени за албанските творци.

Уште полошо, културата не само што беше занемарена, туку во некои случаи беше користена како инструмент за лично богатење и злоупотреба на јавни средства.

Најскандалозниот случај: изградбата на новата зграда на Театарот и Библиотеката во Тетово, каде што, според официјалните информации, е во тек судски процес поради сомнежи за злоупотреба на 13 милиони евра.

Одговорностите се јасни, и никој не може да избега од минатото што сами го имаат создадено.

Денес, кога ВЛЕН е дел од Владата, не бегаме од одговорност — но и не дозволуваме оние што ја уништија албанската култура, денес да се претставуваат како нејзини „заштитници“.

Носиме нов пристап: подготвуваме сеопфатна стратегија за културно претставување на Албанците.
Првпат раководиме со културни институции кои никогаш претходно не биле раководени од Албанци.
Ги отвораме институциите за албанските уметници, со достоинство и врз основа на заслуги.
Ги поддржуваме проектите што и служат на јавноста, а не на партиските интереси.
Ја враќаме културата како столб на идентитетот и на општествениот развој.

ВЛЕН секогаш ќе стои на страната на еднаквоста, заслугите и националното достоинство.

ДУИ исклучуваше, ВЛЕН претставува.
ДУИ молчеше, ВЛЕН зборува со дела.
ДУИ ја злоупотреби културата, ВЛЕН и го враќа достоинството.

Културата не е празничен декор, туку суштински дел од општеството. Со ВЛЕН, таа повеќе нема да биде исклучена.

 

Back to top button
Close