Пожар во руска рафинерија по украински напад со дрон во Краснодарскиот


Пожар избувна во руската нафтена рафинерија „Славјанск ЕКО“ во Краснодарскиот Крај по напад со украински дрон, при што се повредени четири лица, а предизвикана е и значителна штета на објектот и истекување на нафта – соопшти денеска истоимената компанија оператор преку апликацијата за размена на пораки „Макс“.

Две од повредените лица се хоспитализирани.

Од компанијата наведуваат дека во нападот, меѓу другото, е оштетена постројката за атмосферска дестилација на нафта, како и други производствени и складишни капацитети, додавајќи оти тој се случил во период кога рафинеријата била запрена поради ремонт, по сличен напад со дрон во септември.

Украина ги засили нападите врз руските рафинерии од крајот на минатиот месец, по пропаѓањето на енергетското примирје меѓу Москва и Киев, кое американскиот претседател Доналд Трамп го најави во средината на октомври.

Back to top button
Close